Ве известуваме дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 07.05.2025 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:
Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 434.000.000,00 МКД
Број на издадени хв: 43.400
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 24.04.2025
Датум на достасување: 24.04.2028
Каматна стапка: 3,40%
Шифра на тргување: М240428
ИСИН: MKMINF20GBY8
Котација на државни обврзници
вторник, 06 мај 2025